За проектот

Со почетокот на новата 2020 година РЦЗ започна со имплементација на 8 месечен проект од областа на дигиталната писменост која треба да се искористи во насока на подобрување на учењето на средношколците од општината. Целта на проектот е развивање способност кај средношколците за користење дигитални технологии како алатки за селекција, анализа и поврзување на информации од повеќе извори и нивна употреба за подобрување на ефективноста во учењето како и подигнување на свеста на локално ниво за значењето на дигиталната писменост во рамки на секојдневна употреба на информации од дигитален формат и преку дигитални уреди.

Во текот на наредните месеци во соработка со СОУ М.М.Брицо ќе бидат организирани фокус групи со сите професори при што ќе бидат идентификувани онлајн ресурсите кои средношколците најчесто ги користат како дополнителна литература. Од нив ќе извршат селекција на најрелевантните и ќе ги анализираат по што ќе ги изберат клучните. Врз основа на тоа ќе биде изработена мобилна апликација од страна на ИТ компанија со посебен систем за најава на учениците и професорите преку која во дигитална форма соодветно ќе се претстави датабазата од онлајн ресурси наменета за учениците. Оваа алатка ќе биде едноставна и лесна за употреба и ќе нуди можност професорите соодветно да ја надополнуваат.

Со тоа делчевската гимназија ќе биде првата која ќе располага со ваква исклучително богата платфора која треба многу да допринесе во наставниот процес во државата/

Проектот е дел од регионалниот проект „Медиуми за граѓаните – граѓаните за медиумите“ кој во Македонија го регрантира МИМ.

Share

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow us on Social Media