1.Сајтот содржи материјали заштитени со авторски права, трговски марки и други материјали заштитени со закон, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: текстови, фотографии, графички слики.
2. Доколку корисникот ги користи за било каква намена материјалите кои се заштитени со авторски права треба да го го цитира изворот согласно Библиографското цитирање (Харвардски принцип на цитирање).
-Со Харвардскиот систем се пропишува наведување на презимињата на авторите и годината на публикацијата (на пр. Smith, 2007) во самиот текст. Презимето и годината треба да се во заграда доколку презимето не претставува дел од реченицата. Ако постојат два автора потребно е да се напишат двете презимиња (без иницијали) и година (на пр. Smith and Mauri, 2007). Ако има повеќе се пишува само презимето на првиот автор и се додава «и др» (и други) за домашна литература или «et al» (и други) за литература на англиски јазик. При цитирање на две или повеќе референци на ист автор од иста година, на првото цитирано место во текстот, покрај годината на публикување, се додава «a», потоа «b», итн. Во списокот на странска литература треба да се наведат сите автори, ако се 6 и помалку, со додавање на наведените букви зад годината. Во конечниот список на литература, редослед.
3. Корисникот не смее да ја злоупотребува платформата. Забрането е да се извршуваат или поттикнуват на прекршоци, кривични дела, пренос или дистрибуција на вируси или било кој друг материјал што е злонамерен, технолошки штетни, спротивен на довербата, или на било кој начин навредлив и груб, да се пробие во било кој дел од сајтот, да се корумпираат податоци; да се предизвикуваат непријатност кон други корисници; нарушување на правото имот или други права на кое било друго лице; да се праќат несакани рекламни содржини и промотивен материјал познат како “спам”, или да се влијае на перформансите и функционалноста на кој било компјутерски капацитет со или преку платформата. Повреда на оваа одредба ќе биде кривично дело, согласно Законот за злоупотреба на компјутери. Платформта ќе го пријави секој чин на таква повреда на законот до надлежните органи и ќе го обелодени идентитетот на конкретниот Корисник во тој случај. Платформата не е одговорена за било каква загуба или штета предизвикана од напад на нашиот систем во насока на спречување на обезбедување на услуги за корисниците, вируси или други технолошки штетни материјали што можат да се појават на компјутерска опрема, софтвер, податоци или друг имот, предизвикани од употреба на овој сајт или симнат материјал со него , како и од сајтовите со кои се поврзувате преку нашата платформа.